Турција ќе ja спасува кризата со јајца во САД , цените пораснале за 50%

Поради недостиг на јајца во САД, американските трговци се принудени да се свртат кон Турција. Според Централното здружение на производители на јајца на Турција, оваа година земјата планира да извезе 420 милиони јајца во САД, што е рекорден извоз. Овој недостиг е предизвикан од птичјиот грип, кој од 2022 година уби 140 милиони птици во САД, а само во ноември и декември минатата година, се погинати 17 милиони.

Цените на јајцата се зголемени поради намалениот број на птици и зголемената побарувачка. Според последните податоци, пакет од 10 јајца чинел 4,95 долари, а некои синџири, како Costco и Trader Joe’s, ограничуваат продажба по клиент. Поради ова, компаниите во САД се принудени да увезуваат јајца, а Турција е единствената земја што ги снабдува.

Американското Министерство за земјоделство прогнозира дополнителен пораст на цените на јајцата за 20% оваа година, по веќе зголемените цени од 15,2% минатиот месец. САД обично произведуваат над 1,75 милијарди јајца годишно, но оваа бројка ќе продолжи да се намалува поради птичјиот грип.

Турција, која е петти најголем извозник на јајца во светот, минатата година извезла јајца во вредност од 411 милиони долари. Оваа година, извозот во САД ќе изнесува 37 милиони долари, а Турција се очекува да извезе шест пати повеќе јајца во САД отколку лани.

Зачлени се на нашиот е-билтен