Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уапсен е градоначалникот на Тирана Ерион Велиај

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска е уапсен по налог на Специјалното јавно обвинителство, пренесува денеска ТВ 21 информација на Си-Ен-Ен Албанија.

Специјалното обвинителство за Велиај водеше истраги за повеќе обвиненија, како злоупотреба на службената положба, активна корупција, пасивна корупција, непријавување имот и перење пари.

Исто така, претставници на Националното биро за истраги извршија неколку контроли во деловните простории на сопругата на Велиај, Ајола Ксоса и неговиот брат Арби Велиај.

Зачлени се на нашиот е-билтен