Остануваат само два километри за изградба на бугарската страна од железничкиот коридор, познат како Коридор број 8, кој треба да го поврзе Јадранското Море со Црното Море, преку Албанија. Ова го најави постојаниот секретар на Министерството за надворешни работи, Иван Кондов, пренесува „Телеграф.бг“
Изјавата на Кондов јасно стави до знаење дека Република Македонија останува да ги исполни своите обврски за изградба на инфраструктурата.
-Од наша страна, остануваат околу два километри што можат многу брзо да се изградат. Тие веќе се во владината програма за изградба. Целиот преостанат дел од Коридорот е готов на бугарска територија, додека имаме некои многу тешки 23 километри што се на страната на Северна Македонија и воопшто не се подготвени. Тука, според мене, се соочуваме со силна неподготвеност на земја членка на НАТО да направи нешто што е во интерес на НАТО – рече Кондов, објави БНР.
Со години, изградбата на Коридорот број 8 претставува предизвик за двете земји членки на НАТО – Бугарија и Република Македонија. Беше забележано и дека врските би биле корисни и за НАТО. Трасата на Коридорот број 8 треба да го поврзе пристаништето на албанскиот град Драч со пристаништето во Бургас, пренесува „Телеграф.бг“.