Велика Британија во октомври ќе организира меѓународен состанок на високо ниво посветен на регионот на Западен Балкан, соопшти денеска британската Влада. Настанот ќе се одржи во замокот Хилсборо, во близина на Белфаст, и е дел од пошироки иницијативи за градење отпорност, справување со нелегалната миграција и поттикнување на економскиот развој.
Според официјалното соопштение, од 8 октомври британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами ќе пречека повеќе од 15 европски министри. Главните теми на разговор ќе бидат промоцијата на мирот, стабилноста и соработката во Западен Балкан, како и зајакнувањето на колективната безбедност на Европа.
Средбата во Хилсборо се очекува да биде дел од поширок дипломатски ангажман на Обединетото Кралство кон регионот, во време кога Западен Балкан е сè почесто во фокусот на европските и безбедносните прашања.