Венгу: Коридорот 8 е интегриран во стратешките планови на НАТО

Коридорот
Пиро Венгу, министер за одбрана на Албанија

Коридорот 8, кој ги поврзува Бугарија и Албанија преку Република Македонија, официјално е интегриран во стратешките планови на НАТО, објави албанскиот министер за одбрана Пиро Венгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите од Алијансата.

Според него, оваа одлука ќе ја зајакне улогата на поморската база Порто Романо како клучна точка за операции во Западен Балкан и Источното крило на НАТО.

Коридорот 8 е од клучно значење не само за безбедноста на земјите низ кои минува, туку и во поширокиот регион, влијаејќи на Турција, Италија, па дури и на Романија.

Неговата имплементација, која беше одложена поради противењето на земји како Србија и Грција, ќе донесе економски просперитет на Бугарија, Албанија и Република Северна Македонија, смета министерот за одбрана на Албанија Пиру Венго.

Зачлени се на нашиот е-билтен