„Вестите ви се крвави“, „Ало РТС, дали се слушаме“, дел од пораките од масовниот протест пред државната телевизија во Белград

Студенти и граѓани се собраа вечерва пред зградата на Радио телевизија на Србија (РТС)на протест под слоганот „Наше право да знаеме се“.

Сообраќајот е запрен пред РТС каде што се наоѓа камион со разглас, а насобраните протестираат со вувузели и свирежи, јави Бета.

Студентите со свирежи и скандирања го изразуваат своето незадоволство од работата на Јавниот радиодифузен сервис.

Толпата носи транспаренти барајќи одговорност за несреќата во Нови Сад, каде на 1 ноември загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Тие од различни правци, во зависност од тоа каде се наоѓаат нивните факултети, се упатија кон улицата Таковска каде што е седиштето на РТС, скандирајќи „Одиме во програма“.

На студентите им се приклучуваат и голем број граѓани, јави Бета. Во 19:00 часот започна 15 минутнио молк, а потоа ќе следуваат студентски перфоманси.

Зачлени се на нашиот е-билтен