[Видео] Се урна таван во Космос во Солун, омиленото место за шопинг на Македонците

Космос

Жена, на возраст од 47 години настрадала кога врз неа која паднале делови од конструкцијата на големиот трговски центар Космос во Солун. Таа се здобила со повреди на главата и вратот.

Грчките медиуми јавуваат дека жената била свесна кога пристигнала Брзата помош и дека веднаш била пренесена во болницата „Папаниколау“ за понатамошно лекување.

Инцидентот се случил на првиот кат, во делот каде што се сместени рестораните и објектите за брза храна, место кое вообичаено е преполно со посетители.

За несреќниот инцидент и драмата сведочи и видеото коешто се разшири на социјалните мрежи.

Несреќата се случила вчера во трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“ во Солун, една од најомилените шопинг дестинации за македонските граѓани. Дел од таванската конструкција се урнал среде гужва, при што била повредена жената.

Зачлени се на нашиот е-билтен