Белградската полиција го уапсила мажот В. А. (70) кој го ранил М. Б. (57) во ногата, а потоа испукал куршум во боца со гас во близина на шаторот во Пионерскиот парк, јави хрватски Индекс врз основа на информациите на Telegraf.rs.
Според неофицијални информации, ранетиот маж е примен на одделот за интензивна нега во Итниот центар во Белград.
На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на напаѓачот. На него се гледа како бил опкружен од десет припадници на специјалната полиција. Тој лежи на стомак на земја, а до него е пронајден пиштол. Сведоците рекле дека го виделе како го празни оружјето и фрла куршуми во огнот.
Просторот околу српското Собрание е целосно блокиран, а голем број полицајци и пожарникари се на местото на настанот.
Вишото јавно обвинителство во Белград е информирано за сè, а осомничениот е обвинет за обид за убиство и предизвикување јавна опасност.
Да потсетиме дека околу 10 часот наутро, пожар избувна во таканареченото Ќациленду пред српскиот Парламент, а на снимките што беа објавени во јавноста се слушнаа и истрели. Пожарот набрзо беше локализиран, а службите за итни случаи, според првите извештаи, реагираа поради експлозија на плинска боца. На местото на настанот е пронајден маж ранет од огнено оружје, а голем број полицајци сè уште го обезбедуваат просторот околу шаторската населба.
Privođenje naoružane osobe ispred Ćacilenda koja je pucala. pic.twitter.com/vRbkp1ptRU
— Dalibor Jekic (@dalibor_jekic) October 22, 2025