Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вјоса Османи до меѓународните претставници: Ако не ви се допаѓаат политичарите, не казнувајте ги граѓаните на Косово

Во интервју за тиранската телевизија Топ чанел, косовската претседателка Вјоса Османи, зборувајќи за надворешната политика и односите со меѓународните претставници ги потенцираше отворените и искрени разговори со нив, но во ниту еден момент заканувачки.

Меѓу другото, таа рече дека немањето визна либерализација за граѓаните на Косово е историска неправда, бидејќи според неа, тие се „единствениот народ на континентот, што е 100 отсто во целосна согласност со секоја надворешнополитичка одлука на ЕУ“.

-Научив затоа што никој од нас не е совршен, научив повеќе од нашиот стратешки партнер САД, дека искреноста со партнерите и да се биде отворен со нив за да знаат што да очекуваат со нас, најмногу се цени. Ова не е закана, тоа е информација во однос на нашите партнери, доколку тие не се задоволни од постапките на владата на Република Косово, или на претседателот или на институциите воопшто, казната не треба да биде поврзана со народот на Косово. И ова прашање за визната либерализација е историска неправда кон народот на Косово, да го сметаш за народ кој го заслужува гетото значи да го сметаш како народ од втор или трет ред и да не го цениш фактот дека е најпроевропски на нашиот континент и е 100 отсто во целосна согласност со секоја надворешнополитичка одлука, вели таа.

Убедена сум, додава, дека францускиот претседател Емануел Макрон го цени сето ова, па „мојата цел е сите наши сојузници да разберат што му штети на процесот на дијалог“.

-Мислам дека со претседателот Макрон и со сите други треба да бидеме искрени и отворено да зборуваме, но во ниту еден момент не користев заканувачки тонови. Без сојузници ниту еден наш успех нема да биде наш, рече Османи.

Таа ја коментираше и кризата на северот на Косово и начинот на кој премиерот Албин Курти управуваше со неа, оценувајќи дека „координацијата со сојузниците не ве прави помалку суверени, туку напротив би имала повеќе позитивни резултати“.

-Мислам дека координацијата со сојузниците не ве прави помалку суверени. Координацијата со нив значи повеќе успех повеќе резултати и тоа се докажа во овие 22 години. Понекогаш има случаи кога стратегијата или тактиката не се нужно идентични со она што можеби мислат сојузниците, но во ниту еден момент не сме имале разлики во тоа која е нашата крајна цел. Додека крајната цел е иста, стратегијата мора да биде координирана за да се постигне таа цел побрзо и подобро. Не секогаш се договараме за тактиката со нашите пријатели, но постепено доаѓаме до заеднички јазик, оценува таа.

Посочува дека имало случаи, во текот на овие 20 години, косовските политичари да немаа трпение да се обидат да ги убедат сојузниците да преземат координирана и заедничка акција, но тоа „не излегло добро, колку и да било во право Косово, колку и да го спроведувало својот устав“.

Зачлени се на нашиот е-билтен