Вјоса Османи: Доналд Трамп спречи обид за ескалација од страна на Србија

Вјоса Османи

Доналд Трамп спречи обид за ескалација од страна на Србија во мај, изјави претседателката на Косово Вјоса Османиво интервју за „Фокс њуз“.

Османи ги наведе актите на српска агресија, како оној во септември 2023 година во Бањска, Звечан, но и најновите обиди за зголемување на тензиите во мај оваа година, за кои рече дека биле успешно контролирани благодарение на соработката со НАТО.

„Во последните години имавме голем број неочекувани разгорувања на тензии, како што беше во септември 2023 година, кога бевме сведоци на чин на агресија од страна на Србија против Република Косово. Успеавме да се справиме со тоа со поддршка на нашите сојузници од НАТО, но заканите од Србија продолжуваат. Минатиот мај имаше нов обид за разгорување на тензиите (ако можам така да го наречам) и оваа администрација направи одлична работа во спречувањето на ескалацијата. Претседателот (Трамп – ур.) отсекогаш бил лидер кој зборува јасно, гласно и со убедување. Претседателот Трамп беше многу успешен во одбраната од ескалација и злонамерни дејствија“, рече косовската претседателка.

Таа ја нагласи клучната улога на Соединетите Американски Држави во поддршката на независноста и суверенитетот на Косово, како и постојаните предизвици што доаѓаат од Белград.

„Денес постоиме како слободен и суверен народ затоа што Соединетите Американски Држави не стоеја настрана, не затворија очи пред нашите страдања додека доживувавме геноцид, туку нè спасија и веруваа во нашето право да бидеме слободни како народ“, рече Османи.

Таа нагласи дека над 90% од граѓаните на Косово се проамерикански ориентирани и продолжуваат да поддржуваат силен сојуз со Вашингтон.

„Србија сака да се држи до минатото и од време на време се обидува да создаде проблеми во регионот“, додаде претседателот.

Зачлени се на нашиот е-билтен