ВМРО да слушне: Неа демократија исклучи член од пратеничката група за навреда кон пратеничка

Димитри Киријазидис, Неа демократија
Димитри Киријазидис, Неа демократија

Владејачката Неа демократија го исклучи пратеникот Димитрис Киријазидис од својата пратеничка група, откако тој ја навреди Зои Константопулу, лидерката на партијата Пат на слободата, на последниот ден од тридневната расправа за недоверба на владата во петокот.

Додека Константопулу се обраќаше од говорницата на Парламентот, Киријазидис, кој ја застапува Драма и е поранешен полицаец, извикувал: „Оди имај бебе“.

Неговите коментари беа остро осудени во парламентот.

Етичката комисија на партијата, која се состана доцна во петокот, едногласно одлучи да го исклучи Киријазидис од пратеничката група поради неговото „антипарламентарно и антиколегијално однесување“ по препорака на лидерот на партијата и премиер Киријакос Мицотакис.

Со исклучувањето, Нова демократија останува со 155 пратеници во 300-члениот Парламент.

Зачлени се на нашиот е-билтен