Во Албанија се гради авантуристички парк во Голо Брдо

Во Албанија се гради авантуристички парк во Голо Брдо, во срцето на недопрената природа, во селото Студено, административнта едница Стеблево, област Голо Брдо, најавена е изграда на авантуристички парк, проект што ќе го трансформира подрачјето во модерна дестинација за локални и странски посетители кои бараат емоции, спорт и уникатни искуства во природата.

Проектот поддржан од Општина Либражд, вклучува изградба на авантуристички комплекс со „зип лајн“, панорамски балкон, астрономска опсерваторија и патеки за искачување и истражување, позиционирајќи го Студено како една од најпосебните точки за авантуристички туризам во Албанија.

-Проектот предвидува изградба на „Виа Ферата“, планинарска патека посветена на ентузијастите за искачување, која ќе понуди можност за истражување на карпести формации во целосна безбедност. Патеките ќе бидат изградени во хармонија со природниот терен и со различни нивоа на тежина, така што секој посетител, од почетници до искусни алпинисти, може да ја доживее возбудата од височините, објави весникот „Илинден“.

Меѓу главните атракции ќе биде „Зип Лине“ над езерото Студено, воздушно искуство кое ќе им овозможи на посетителите да уживаат во спектакуларната панорама на областа од единствена перспектива.

Проектот предвидува и изградба на лизгалиште, авантуристички парк со висечки мостови, јажиња и спортски патеки, како и создавање на Астрономска опсерваторија, која ќе служи како центар за набљудување ѕвезди и астротуристички активности. Во соработка со локалната заедница, планирано е организирање на Фестивал на астротуризам, кој ќе го промовира чистото небо и девствената природа на Студено, претворајќи ја областа во омилена дестинација за туристите кои бараат нови и автентични искуства, наведува весникот.

Во изјава за албанските медиуми, претставници на административната единица велат дека некогаш малку познато место меѓу локалното население, денес го посетуваат и странци. Селото Студено е една од најпосетуваните дестинации во Албанија за 2024 година. Над 100 илјади туристи го избрале ова подрачје во срцето на Националниот парк Шебеник-Јабланица, за да ја истражат недопрената природа.

Среблево е едно од 22 населени места во областа Голо Брдо, главно населена со Македонци. Пред територијалната поделба 2014 година Стеблево беше општина, сега територијално припаѓа кон општина Либражд, додека другите две општини Требиште и Острени, кон Булќиза.

Зачлени се на нашиот е-билтен