Во Белград е во тек најголемиот протсетен собир во поновата историја на Србија

Во Белград во тек е големиот студентски протест „15 за 15“.

Ова е најновиот голем протест како еден од многуте кои се одржуваат веќе неколку месеци поради трагедијата што се случи во Нови Сад на почетокот на ноември минатата година, во која загинаа 15 српски државјани поради уривање на настрешница на Железничката станица.

Оттогаш, студентите, а заедно со нив и другите граѓани, бараат властите да ги санкционираат одговорните и да обезбедат пристап до документацијата за реконструкција на Железничката станица во Нови Сад.

Илјадници студенти, ученици и граѓани од цела Србија денеска се во центарот на Белград, а студентите кои синоќа од различни правци во српската престолнина пристигнаа со велосипеди, пеш или со јавен превоз беа пречекани од бројни граѓани на Теразије.

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти дека за време на пречекот биле уапсени две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, а оштетени се голем број трактори во близина на паркот Пионер, во кои се сместени „студенти“ кои „сакаат да учат“, но всушност се организирани од владејачкиот режим за да дејствуваат како контрагрупа на вистински протести.

Иако уште од вчера пристигнуваат студенти и други граѓани од различни делови во Белград, протестот официјално започна во 16 часот и е најголемиот собир во поновата историја на Србија.

Јавниот превоз во Белград беше во прекин нешто по 9 часот, наводно од безбедносни причини.

„Мораме да бидеме заедно, ова е народна борба и треба да ја вратиме државата на народот. „Денеска ја браниме нашата чест и сето она што со години се обидуваа да ни го украдат“, изјави денеска студентка за N1.

Поддршка на колегите во Србија денеска по трет пат им ја покажаа и студентите во Бања Лука кои порачаа дека нема да бидат само неми набљудувачи, а бројни граѓани од различни делови на оваа соседна земја, но и од целиот регион и светот денеска се упатија поддршка за студентите и граѓаните на Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен