Во Бугарија никако да се помират дека коските на Гоце Делчев се во Македонија

Делчев
Гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас во Скопје, Од Antidiskriminator — сопствено дело, Јавна сопственост, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=11079852

Пренесувањето на коските на Гоце Делчев од Бугарија во Македонија во 1946 година е предавство, тврди претседателот на Македонскиот научен инсититут (МНИ) во Софија, професор Георги Николов.

„Тогаш, коските на Гоце Делчев, кои дојдоа со неверојатни авантури и тешкотии, кои беа чувани во Македонската куќа, беа доставени во Скопјe“, вел проф. Николов.

Тое беа тешки времиња за македонските Бугари кои дојдоа по државниот удар од 9 септември 1944 година, оценува Николов во интервју за бугарската агенција БГНЕС. Новата комунистичка влада, вели Николов, тргна по во ликвидација на МНИ и во периодот 1945-1947 година беа преземени мерки против институтот.

„Неговиот имот беше ограбен. Книгите беа одземени, а тие се приближно 4.000 тома, над 1.400 етнографски артефакти. Сето ова беше натоварено и доставено во Скопјe од предавничка рака, бидејќи кога некој дава нешто од себе како подарок, тоа е негова работа, кога земате туѓ имот и го давате како подарок, тоа е грабеж“, категоричен е бугарскиот историчар.

МНИ е основан на 21 декември 1923 година, а неговото создавање е поврзана со тогашниот водач на ВМРО Тодор Александров. Според неговата идеја, биле создадени две организации. Едната била МНИ, а другата била за македонските Бугари во САД и Канада – Македонската патриотска организација.

По промените и падот на комунистичкиот режим, МНИ беше повторно отворен во 1990 година од 40 истакнати бугарски научници.

Проф. Николов со незадоволство забележува дека историските научници од Република Северна Македонија не побарале соработка со МНИ.

„Претходното раководство на институтот направи обид за некаков вид соработка со интелектуалци од Македонската академија на науките, но тоа беше обид со негативни последици, без ефект. Од нивна страна, имаше поединци кои немаа значителен јавен авторитет“, вели тој за БГНЕС.

Претседателот на Македонскиот наулен институт во Софија, проф. Георги Николов, смета дека македонско-бугарската комисија за историски и образовни прашања ја исцрпела својата улога.

„Нашите колеги од историската комисија во Скопје предложија историјата да има мултиперспективен пристап. Овој мултиперспективен пристап е целосно неперспективен од гледна точка на оваа комисија и таа веќе во голема мера ја исцрпи својата улога, бидејќи нашите научници во неа се принудени да дискутираат за организациски прашања“, смета претседателот на МНИ.

Тој забележа дека промената на учебниците по историја во РСМ е исклучително бавна. „Ако порано доминираше тезата дека Бугарите биле Татари, дека нивното присуство за време на Втората светска војна било фашистичка окупација, единственото нешто што се прави сега е то лесно да се прикрие и да се сокрие и, доколку е можно, да не се спомене името Бугари“, вели проф. Николов.

Македонскиот научен институт, организациjа создадена во Софија, Бугарија во 1923 година чија главна цел е застапување и бранење на тезата за бугарскиот карактер на Македонија и македонскиот народ, за остварување на своите цели добива финансиски средства од бугарската влада.

Македонскиот научен институт дел од своите активности во Македонија ги изведува во соработка со Бугарскиот културен клуб во Скопје преку страницата за вести tatkovina.info

Зачлени се на нашиот е-билтен