Во Хрватска уапсен педофил, водел онлајн група со 250 членови од различни земји

педофил
Апсење (Илустрација)

Во меѓународна акција во Хрватска е уапсен 29-годишен маж под сомнение дека сексуално малтретирал деца и водел онлајн педофилска група, која имала над 250 членови од различни држави.

Приведениот е осомничен дека подолг период сексуално злоупотребувал девојче, а креирал и дистрибуирал и содржини од сексуално малтретирање на деца.

– Со пребарување на уреди и медиуми за складирање на дигитални податоци, пронајдени се повеќе од 250 фотографии и видеа што прикажуваат сексуална злоупотреба на деца, а преку комуникација преку социјалните мрежи и апликации за разговор што овозможуваат моментална анонимна онлајн видеокомуникација, тој воспоставил контакт од сексуално експлицитна природа со најмалку 20 жртви во Хрватска и десетина жртви од други земји, објави хрватското Министерство за внатрешни работи.

Утврдено е дека осомничениот сторил уште пет кривични дела искористување на деца за порнографија и повреди на приватноста на децата.

Кривичната истрага е сè уште во тек за да се идентификуваат сите потенцијални жртви и да се соберат дигитални докази.

Зачлени се на нашиот е-билтен