Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Србија запрено ширењето на африканската свинска чума

Министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ изјави дека во Србија е запрено ширењето на африканска свинска чума, јави дописникот на МИА од Белград.

Таа кажа дека здружени со сите сектори успеале во последните две недели да ја запрат паниката, нелегалниот транспорт и ширењето на чумата.

-Успеавме да го запреме ширењето на африканската чума. Еутаназирани се 38 илјади свињи, редовно им се плаќа на сопствениците чии свињи беа уништени. Важно е да се бранат големите фарми, создадовме одбранбени појаси и тоа даде резултати. Важно е што ние ова го запревме, дека нема ширење и дека нема паника кај земјоделците, изјави Танасковиќ за Радио-телевизија на Србија.

Од африканската чума умреле 3800 свињи, еутаназирани се 38 илјади, а над 34 илјади се заклани, кажа Танасковиќ, додавајќи дека здравите животни се спасуваат со тоа што им се сугерира на сопствениците порано да ги заколат.

-Се надеваме дека ова бргу ќе помине, таа нема никогаш да исчезне, но важно е дека немаме масовно ширење, кажа Танасковиќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен