Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во српски сок од јаболка, откриени микротоксини

Хрватските санитарни инспектори откриле штетни микотоксини во безалкохолен пијалак од Србија и веднаш наредиле уништување на овие производи. Како што е соопштено во средата од Европскиот систем за безбедност на храната (РАСФФ), во сокот од јаболка од Србија е откриен микотоксинот патулин произведен од некои видови мувла. За среќа, сè се случило на хрватската граница, па целата пратка веднаш била уништена.

Патулин е откриен во примерокот во концентрација од 93 микрограми на килограм јаболка. Ниту најмал удел не е дозволен. Според упатствата на ЕУ, максималниот толерантен дневен внес на патулин во човечкото тело е 0,4 микрограми на килограм храна.

Патулинот е најчест во соковите добиени со пресување на свежи јаболка. Бројни научни студии ја потврдија токсичноста на патулинот за организмите. Симптоми на акутно труење се грчеви, отежнато дишење, конгестија на белите дробови. Тие исто така можат да предизвикаат дигестивни проблеми со улцерации, надуеност и крварење, а при високи дози, промени во функцијата на бубрезите, предупредува Даница.хр.

Зачлени се на нашиот е-билтен