Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Загреб ученик со нож нападнал наставничка и ученици, има повредени, децата бегале низ прозорец

Во основното училиште во Пречко во Загреб, напаѓач со нож повредил наставничка, а повредени се и ученици, јавува Дневник.хр.

Според Дневник.хр, некои деца биле изнесени од училиште, а дел од нив се уште се во зградата. Учениците и вработените се во шок, многумина во солзи, пренесуваат медиумите.

На местото на настанот има многу полиција и најмалку шест возила на брза помош, јавува порталот.

Снимен е и хеликоптер како слетува на училишното игралиште.

Полицијата засега не соопштува никакви информации.

Луѓето на социјалните мрежи пишуваат дека деца бегале низ прозореците.

Зачлени се на нашиот е-билтен