Воен дрон се појави утрово на плажата Хармани во Созопол на Црно Море во Бугарија. На местото на настанот веднаш биле испратени полициски екипи, кои ја блокирале пристапната зона.
На лице место пристигнал специјализиран тим од сапери од бугарската морнарица за да го проверат и неутрализираат дронот. Околу 11:30 часот, дронот бил детониран на контролиран начин, објави дописникот на БГНЕС за регионот.
Според првичните информации, најверојатно станува збор само за трупот на леталото, без присуство на експлозиви.
Нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета.
Областа останува со ограничен пристап до завршувањето на инспекцијата. Потеклото и траекторијата на дронот се разјаснуваат.