Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вработените во РТС стапија во штрајк

Вработените во Радио-Телевизија Србија (РТС) денеска стапија во штрајк, организиран од Синдикатот на РТС „Независност“ и Гранскиот синдикат на вработените во РТС.

Штрајкот почна бидејќи раководството на РТС не одговори во дадениот рок на барањата за подобрување на материјалната и социјалната положба на вработените.

Вработените бараат зголемување на платите, зголемување на сумата за топол оброк и регрес за годишен одмор, потоа „право на достоинствена и безбедна работа во јавниот сервис“, почитување на Колективниот договор и правична и реална систематизација на работни места.

Меѓу барањата се и прием на хонорарни соработници на неопределено време и функционирање на РТС согласно Законот за јавни медиумски услуги.

Зачлени се на нашиот е-билтен