Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: Американските санкции против Вулин поради неговиот однос кон Русија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека САД не вовеле санкции за директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА), Александар Вулин, поради неговата вмешаност во криминал или корупција, туку поради неговиот однос кон Руската Федерација, јави дописникот на МИА од Белград.

– Кокаинот не беше пронајден во кабинетот на Вулин, туку во Белата куќа. Мислам дека е многу важно да се спроведе истрага затоа што тоа е некоја општа статија што ја користат за да напишат нешто. Утре детално ќе зборувам за сето тоа. За неговата позиција и позицијата на државата Србија, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека упатил официјално барање за средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претходно изјави дека е секогаш подготвен за средба со него и изрази загриженост за тензиите на Косово.

– Тој вчера имаше самит во Вилнус, очекувам да се видиме во наредните денови, изјави Вучиќ и додаде дека барањето за средба со Столтенберг го испратил вчера.

Тој наведе дека неговото прашање е како тоа САД да воведуваат санкции против директорот на Безбедносно-информативната агенција Александар Вулин, а нема санкции за министерот за внатрешни работи на Косово, Џељал Свечља.

– Нема и нема ни да има, знаеме како треба да се создаде рамнотежа, заклучи Вучиќ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен