„Одете, уништете ги вашите земји. Не ја уништувајте Србија. Вие сте олош. И не сте ни олош, полоши сте од тоа. Тоа е сè што имам да ви кажам. Дали се плашиме? Ни најмалку. Ја почитувам Урсула фон дер Лајен. Го почитувам Антонио Кошта. На ова ѓубре, олош, од Европската зелена партија, најлошиот олош во Европа што дојде во Нови Сад вечерва за да го поддржи ова насилство, ќе бидат гонети во согласност со законите на Република Србија. И ништо повеќе, ни помалку“, рече Вучиќ.
Коментирајќи ги собирите на граѓаните, тој рече дека низ цела Србија, помалку од 10.000 луѓе излегле да протестираат против владата, а дека во Нови Сад имало повеќе од 7.000.
„9.380 луѓе биле низ цела Србија на митинзи против владата, од кои 7.020 биле во Нови Сад, според бројките на Министерството за внатрешни работи. И насекаде беше мирно, без инциденти, освен во Нови Сад. Полицијата им дозволи да ги тепаат со пиротехнички средства и стапови и камења 12 минути. И дури тогаш полицијата реагираше. Дури тогаш. Во Нови Сад, во присуство на претставници на Европскиот парламент, некои се обидоа да ја загрозат стабилноста и безбедноста на Србија со фантомки на главите, шлемови сакаа по секоја цена да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет во Нови Сад, а не успеаја“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека српската полиција си ја завршила работата строго професионално, и дека 11 припадници на полицијата биле повредени.