Вучиќ го цензурира Ѓоковиќ

Зборовите на Ѓоковиќ „пумпај“ по натпреварот со Кецмановиќ не беа преведени во преносот во живо на српската спортска телевизија Арена Спорт, а државната РТС директно го прекина преносот во живо.

Со тоа власта на српскиот претседател Александар Вучиќ прибегна кон цензура на тениската легенда Новак Ѓоковиќ, реагираат денеска медиумите во регионот.

Вчера, 5 јули, Ѓоковиќ го победи својот сонародник Миомир Кецмановиќ и постигна нов рекорд на Вимблдон, но она што се случи по успехот беше поинтересно. Покрај битката на теренот, познатиот тенисер влезе и во уште еден судир надвор од зелениот терен – тој одлучи секоја победа во Лондон да ја одбележи со иконскиот „Пумпај“ – слоганот на протестот против режимот на Вучиќ, кој нема буквален превод, туку значи „Оди, туркај, продолжи“ во сленг смисла.

Ѓоковиќ и неговата ќерка ја прославија победата пред навивачите со гестови што личат на пумпање. Зборови на Ноцак по натпреварот со Кецмановиќ не беа преведени во преносот во живо на српската спортска телевизија „Арена Спорт“, а државната телевизија РТС го прекина преносот во живо.

Моментот беше забележан на официјалната сметка на Вимблдон Х, но никогаш не стигна до Србите. Ѓоковиќ во последните месеци постојано јавно ги поддржува големите протести во Србија.

Зачлени се на нашиот е-билтен