Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ и Курти се сретнаа во Брисел, усвоена Декларацијата за исчезнатите лица

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти денеска на почетокот на средбата во Брисел ја прифатија изјавата за исчезнатите лица како дел од дијалогот за нормализација на односите.

Заеднички се обврзуваме тесно да соработуваме заедно на идентификување на гробните места и да ги следиме ископувањата, со цел да обезбедиме целосен пристап до веродостојни и точни информации што ќе помогнат во лоцирање и идентификување на преостанатите исчезнати лица во временската рамка од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година, се вели во декларацијата објавена од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Двете страни го препознаваат прашањето за исчезнатите како хуманитарно прашање и се согласуваат за потребата од дополнителни напори за олеснување на ситуацијата nа погодените семејства и пошироките заедници, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Од 6.056 лица кои исчезнаа на Косово во периодот од 1 јануари 1998 до 31 декември 2000 година, 1.621 случај сè уште остануваат нерешени, а овие лица сè уште се водат како исчезнати. Декларацијата веќе беше усогласена претходно, а сега е само формално прифатена.

Вучиќ и Курти денеска започнаа нова рунда разговори во рамки на дијалогот за нормализација на односите што се води под покровителство на ЕУ. Многу потешка тема што се наоѓа на дневен ред е прашањето за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на северот на Косово. Првиот нацрт статут на ЗСО ќе им биде претставен на двете страни, по што ќе следи дискусија.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, на 27 февруари по средбата меѓу Вучиќ и Курти во Брисел соопшти дека двете страни го прифатиле договорот за патот кон нормализација на односите. Следеше нова средба на 18 март во Охрид, каде според Борел е прифатен анексот на тој договор кој го претставува планот за имплементација на основниот договор. Но, ниту договорот, ниту анексот не се потпишани и двете страни различно го толкуваат.

Српската страна дава приоритет на формирање на ЗСО со српско мнозинство на северот на Косово, што е предвидено со договорот постигнат уште во 2013 година, додека Косово се обидува да ја спречи таа заедница да има извршни овластувања, нагласувајќи дека тие не сакаат на своја територија нешто како Република Српска во Босна и Херцеговина.

Борел и специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак овојпат немаа одвоени средби со секој од лидерите, што беше обичај претходно, туку веднаш започнаа со трилатерална средба. Во зградата каде што се водат преговорите е и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар кој се сретна со косовскиот премиер Абин Курти пред средбата меѓу 

Зачлени се на нашиот е-билтен