Вучиќ конечно пристигна во Москва

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.

Авионот со кој Вучиќ се упати кон Москва за да присуствува на прославите на Денот на победата претходно беше запрен во Баку поради борбите меѓу Русија и Украина, и чекаше одобрение за продолжување на летот.

Во претходните неколку дена, аеродромите во неколку руски градови беа затворени поради напади од украински беспилотни летала. 

Кремљ вчера објави дека претседателот на Србија ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин в петок.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков вчера изјави за руски медиуми дека  стратешката соработка меѓу Русија и Србија е заемно корисна.

„Покрај дискусиите за билатерални прашања, ќе бидат разменети мислења и за состојбата на Западен Балкан“.

Пред да замине за Москва, Вучиќ претпладнето во Белград имаше средба со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко.

На 9 мај, Русија ја одбележува 80-годишнината од победата над фашизмот во Втората светска војна со парада на Црвениот плоштад во Москва и низа други настани. Се очекува да присуствуваат повеќе од 20 светски лидери. 

Зачлени се на нашиот е-билтен