Огромен број луѓе од сите правци пристигнуваат денеска во центарот на Белград. Вечерва таму се очекува централниот настан на приврзаниците на Александар Вучиќ на собранието кое го нарекоа „Не ја даваме Србија“.
Од другата страна на улицата од Палатата Србија, почнаа да пристигнуваат автобуси од кои тргнуваат приврзаниците на Александар Вучиќ, кои се упатуваат кон центарот на Белград кон платото пред Собранието на Србија на собранието „Не ја даваме Србија“, што е промоција на новорегистрираното Движење за народот и државата.
Како што пренесува Нова.рс, карши СИВ се паркирани 12 автобуси, а на улицата Антифашистичка борби се паркирани уште неколку возила.
Вечерва е централниот настан на тридневното собрание, средба на која ќе говорат претседателот на Србија и креаторот на Движењето Александар Вучиќ.
Граѓаните кои го поддржуваат од цела Србија се упатија кон Белград и полека го полнат просторот околу Собранието.
Од Бранковиот Мост, на кој сообраќајот во меѓувреме е во прекин, од безбедносни причини, луѓето групно минуваат и преку Терази се слеваат кон плоштадот Никола Пашиќ, каде од утрово пушта музика сопственикот на Пинк, Жељко Митровиќ.
Од Цветковиот пазар до Востаничка се паркирани повеќе од 50 автобуси од Ниш и Лесковац.
Како што напиша Данас, „напредњаците“ се надеваат дека вечерва пред Собранието ќе има и до 200.000 луѓе.