Српскиот претседател Александар Вучиќ се врати во Белград, а веднаш од аеродромот бил примен на Военомедицинската академија (ВМА), објави српски Телеграф.
Вучиќ ненадејно се разболе за време на посетата на Соединетите Американски Држави, по што побара медицинска помош и по прегледот донесе одлука да се врати во Србија, поради што не можеше да се појави на главните настани за кои отпатува во Америка.
На Вучиќ му се слошило во попладневните часови по локално време додека се подготвувал за следните состаноци, а по средбата со конгресменката Клаудија Тени и Род Благојевиќ и српските претприемачи од Америка.
Во тој момент, во собата со него биле министерот за финансии Синиша Мали и Сузана Васиљевиќ, советничка за медиуми на претседателот на Србија.
Поради влошената здравствена состојба се доведува во прашање и патувањето на Вучиќ во Москва за парадата на 9 Мај.