Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ порача дека не оди во Брисел додека не се ослободат Србите, Орбан го повика да ги ослободи косовските полицајци

 Српскиот претседател Александар Вучиќ кој денес на Палиќ имаше заедничка седница за стратешка соработка со унгарскиот државен врв и премиерот Виктор Орбан, на прес-конференција порача дека нема да оди на состанокот во Брисел што го свика шефот на европската дипломатија Жозеп Борел додека не се ослободат сите Срби уапсени на северот на Косово, додека Орбан го повика да ги ослободи уапсените косовски полицајци, јави дописникот на МИА од Белград.

– Нема да одам да разговарам со Курти сè додека не биде ослободен секој Србин и додека не се повлечат лажните градоначалници, кажа Вучиќ и го обвини Албин Курти дека „никогаш не сакал да слуша“.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на темата за Косово го повика Вучиќ да ги ослободи тројцата приведени косовски полицајци.

– Ние многу внимателно ги следиме настаните во Косово и гледаме што им се прави на Србите. Со почит те молам претседателе, драг Александар, добро размисли за тоа, непријателите на Србија се желни да ти наштетат, мислам дека би било добро да ја послушаш препораката на Унгарија и да ги вратиш тие тројца Албанци во Косово, мислам дека тоа би ви помогнало, затоа ве молам да размислите за тоа, истакна Орбан.

Тој додаде дека верува оти „од меѓународната заедница е неприфатливо да ги признае како легални изборите (во Косово) со учество од околу четири проценти“.

Зачлени се на нашиот е-билтен