Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: Продолжуваме со разговорите на 18 март во Македонија, ЕУ очекува нешто до 24 март

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по разговорите со еврокомесарот за надворешни работи, Жозеп Борел, специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак и премиерот на Косово, Албин Курти во Брисел изјави дека денешната средба не беше за европскиот предлог за решавање на косовското прашање, туку за спроведување на претходно постигнатиот договор, каде на прво место е формирањето на Заедницата на српските општини (ЗСО), јави Н1.

– Имавме вообичаено тешка средба, верувам дека ќе има уште многу разговори во наредниот период, бидејќи колку што разбрав, треба да се видиме на територијата на Северна Македонија на 18 март, тогаш Борел ќе биде во посета на регионот, а дотогаш со Лајчак треба да разговараме околу работите за имплементација – рече Вучиќ.

Според Вучиќ, приоритет на сите приоритети во имплементација на претходно постигнатите договори е формирањето на ЗСО, што, како што рече, ќе биде нагласено и во соопштението на Европската унија.

– Важно е што во соопштението на ЕУ, ако биде така, ќе стане збор за неопходноста од спроведување на сите претходни договори, инсистирав на Заедницата на српски општини. Тоа се подразбира, мислам дека господинот Курти не беше подготвен тоа да го прифатиме сега, а дали ќе биде во иднина – ќе видиме. Се надевам дека е можно да постигнеме некакви компромиси, но се плашам да не останеме заглавени во нешто што е одамна потпишано, а што одамна требаше да биде исполнето – рече Вучиќ.

– Сериозно долг, тежок и напорен процес, нема да биде лесно. Ќе откажам дел од моите обврски и патувања за да се подготвам за 18 март, за да се осигурам дека Србија нема да биде осудувана на 23 и 24 март – рече тој.

Тој додаде дека е подготвен да разговара со Курти за личните документи, регионалното претставување и сите други прашања од витално значење, но дека ЗСО е на прво место.

Одговарајќи на прашањето на албанските новинари дали Србија е подготвена да го признае Косово, Вучиќ рече дека „Србија е членка на Обединетите нации, Косово не е. Ние секогаш го поддржуваме меѓународниот поредок, Повелбата на ОН и, се разбира, српскиот Устав“.

Вучиќ претходно средбата ја нарече „тешка“, но рече и дека нема предавање. Курти во интервју за Еуроактив дадено пред заминувањето за Брисел, а објавено денеска, вели дека очекува меѓусебно признавање и договор до крајот на оваа година.

Зачлени се на нашиот е-билтен