Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ разговараше со генералот Хокансон за конкретни начини на соработка меѓу Србија и САД на полето на одбраната

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска го прими началникот на Бирото на Националната гарда на САД, генерал Даниел Р. Хокансон, и во разговорот истакна дека Србија, со зачувување на воената неутралност, е подготвена да ја подобри партнерската соработка со американската армија со цел да го одржи мирот и стабилноста во регионот и пошироко, јави дописникот на МИА од Белград.

Во оваа прилика, како што се наведува во соопштението на прес службата на српскиот престедател, „се разговараше и за различни конкретни начини на соработка меѓу Србија и САД во областа на одбраната“.

„Зборувајќи за последните случувања на Косово претседателот подетално го информираше генералот Хокансон за причините за ескалацијата на насилството и во тој контекст и се заблагодари на американската страна за нејзиниот ангажман и јасните пораки во смирувањето на тензиите предизвикани од едностраните акти на приштинските власти“, се наведува во соопштението.

Генералот Хокансон му се заблагодари на претседателот Вучиќ за неговото лидерство во тешката ситуација, без која мирот и стабилноста во регионот би биле загрозени. Тој го истакна и големиот придонес на Вооружените сили на Србија во мировните мисии во светот. об/сд/

фото: Сајт на српскиот претседател

Зачлени се на нашиот е-билтен