Вучиќ се враќа од САД поради здравствени проблеми, неизвесна посетата на Москва

Српскиот претседател Александар Вучиќ итно се враќа од САД откако му се слошило за време на посетата. Според српските медиуми, тој побарал медицинска помош во текот на ноќта, а по прегледите било одлучено да се врати во Белград.

Поради ваквиот развој, Вучиќ нема да присуствува на дел од планираните активности во САД, меѓу кои и кратка средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Исто така, биле најавени и средби со конгресменката Клаудија Тени, поранешниот гувернер Род Благојевиќ и со српски бизнисмени од дијаспората.

Во делегацијата со Вучиќ биле и министерот за финансии Синиша Мали и советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ. Засега не се соопштуваат детали за здравствената состојба на претседателот, а од неговиот кабинет најавија дека јавноста ќе биде информирана дополнително.

Неизвесна е и планираната посета на Вучиќ на Москва за 9 мај. Иако претходно тврдеше дека нема да ја откаже, актуелната ситуација може да доведе до промена во агендата.

Зачлени се на нашиот е-билтен