Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: Во Белград нема да има нов „Мајдан“

Нема да има нов Мајдан во Белград, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, алудирајќи на промената на власта во Украина во 2014 година и судирите на плоштадот Мајдан во Кијив, откако десетици илјади белграѓани излегоа на улиците оваа недела на протестите под името „Србија против насилството“, пишува Нова.рс.

Опозицијата, која Вучиќ ја обвинува дека сака да ја преземе власта без избори, повика во понеделникот и вчера на протести против насилство во јавен простор. Вучиќ вели дека лидерите на опозицијата се „мршојадци и хиени“ затоа што ги повикале луѓето на протести за време на Денот на жалост по двете трагедии што се случија во Србија.

Во два масовни вооружени напада, во основно училиште во Белград на 3 мај и во три села кај Младеновац еден ден подоцна, загинаа вкупно 17 лица, а 21 лице беа ранети, од кои тројца се во критична состојба.

Во Белград нема да има Мајдан, рече Вучиќ од Смедерево каде денеска беше презентиран дел од 13.500 парчиња различно нелегално оружје што граѓаните ги предадоа на повик наМВР од 8 мај, по двете масовни убиства.

Вучиќ истакна дека нема да прифати тоа да го бараат „фрустрирани лидери на опозицијата, кои не можат да победат на избори и кои се однесуваат како најлоши хиени“, мислејќи дека можат да дојдат до власт со упад во некои институции.

Тој и порача на опозицијата дека има „бесмислени соништа за Мајдан“ во Украина во 2014 година и „за 5 октомври“ кога во 2000 година во Белград беше соборен режимот на Слободан Милошевиќ, откако по повеќе од една деценија на власт тој одби да ги признае изборните резултати и победата на тогашната опозиција.

Вучиќ, чија партија (СНС) е на власт од 2012 година со чести предвремени избори, денеска најави можност следните избори да се одржат најдоцна во септември годинава, а на опозицијата и порача дека нема да можат да бираат кои избори ќе се одржат и ги повика во собраниска процедура согласно Уставот да побараат негова оставка.

Тој најави дека ќе има „интересни одлуки“ на 26 мај, кога повика на масовен собир во Белград,

најголемиот досега во Србија“.

Извор (Новатв)

I

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново