Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ за европскиот план за Косово: Немаше преговори – рекоа земи или остави

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва се обраќа на националната телевизија РТС по повод европскиот план за Косово, за кој начелно се согласи вчера во Брисел, откако опозицијата, особено десницата, го обвини за предавство на националните и државните интереси.

По средбата со косовскиот премиер Албин Курти во Брисел, Вучиќ  се соочи со голем број критики, посебно поради прифаќањето на делот од Спогодбата каде се вели „дека Србија нема да се спротивстави на членството на Косово во ОН“, што според многумина е признавање на независноста. Во овој контекст најавени се митинзи и национални собири на улиците како одговор на намерата „целата Србија да се жртвува поради Заедницата на српски општини“.

Вучиќ рече дека вчера бил направен само еден разговор и најави дека ќе има уште. – Имаше разговор, не се договоривме, ќе продолжиме, рече Вучиќ во емисијата Таковска 10 на РТС.

Тој изјави дека француско-германскиот план во меѓувреме, како што рече, станал европски предлог.

– Тој план на Европската Унија дојде како идеја на Емануел Макрон и Олаф Шолц, тие го донесоа листот хартија. Никого не прашаа, воопшто немаше можност за преговори, рекоа земи или остави, појасни српскиот претседател.

Тој изјави и дека бил предупреден за последиците од неприфаќањето на предлогот, меѓу кои се и стопирањето на евроинтеграциите и директно повлекување на инвестициите.

– Земјата би била изолирана, предупреди Вучиќ. Тој додаде дека Србија доставила „остар и темелен одговор“. – Се вратија со козметички промени, рече тој.

Требаше или да се остане во разговорите или да се напушти се и да се заврши како во деведесеттите со целосен економски колапс, па реков дека Србија е подготвена да работи на спроведување на многу работи од планот, рече Вучиќ.

Тој вели дека српските медиуми објавиле делови од европскиот предлог. – Кажувам дека немам што да кријам, ни рекоа: земи или остави, истакна Вуќиќ во гостивањето на емисијата на РТС, која е во тек.

Зачлени се на нашиот е-билтен