Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вучиќ: Запре протокот на гас од Азербејџан во Србија

Фото: World Economic Forum/Ciaran McCrickard

Протокот на гас од Азербејџан кон Србија е запрен и не е јасно кога ќе продолжи, објави новинската агенција Танјуг, цитирајќи го српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Добив информации од нашите браќа и пријатели од Азербејџан дека поради виша сила и проблеми што ги имаат, од денес не можеме да сметаме на 1,7 милиони кубни метри гас што доаѓа секој ден“, изјави Вучиќ на новинарите.

Вучиќ рече дека не е јасно кога ќе продолжи протокот на гас.

„Ова значи дека од денеска ќе почнеме да ги трошиме резервите на гас“, рече Вучиќ, додавајќи дека се надева дека за месец или два ќе продолжи протокот на гас.

Во 2023 година, Србија, која користи повеќе од 3 милијарди кубни метри гас годишно, потпиша договор со Азербејџан за купување на 400 милиони кубни метри природен гас годишно од 2024 година.

Остатокот од гасот доаѓа од Русија, но Србија е под притисок од ЕУ да ја намали зависноста од Русија за гас и нафта.

По новите санкции на САД врз рускиот нафтен сектор, рускиот Газпром Нефт ќе добие 45 дена да излезе од сопственоста на српската нафтена компанија НИС, која е меѓу најголемите придонесувачи во буџетот на Србија.

НИС е во мнозинска сопственост на Гаспром Нефт,  кој поседува 50% од акциите, а рускиот Газпром, поседува 6,15% од акциите. Српската влада има 29,87 отсто, а останатиот дел отпаѓа на малите акционери.

Бугарија, исто така, претходно оваа недела рече дека Азербејџан го прекина договореното снабдување со гас од 7 јануари до 11 јануари поради неодредени технички причини.

Прекинот дојде кога единицата од Азербејџан на BP во петокот соопшти дека ја прекинала работата на платформата Шах Дениз Алфа (SDA) откако открила технички проблем на подморската линија за извоз на гасен кондензат.

Зачлени се на нашиот е-билтен