Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Вујовиќ: Големата петорка нема да му дозволи на Вучиќ вонредни избори

Поранешниот амбасадор на СРЈ во САД, Небојша Вујовиќ, денеска изјави дека „големата петорка“ нема да дозволи српскиот претседател Александар Вучиќ да организира вонредни претседателски и парламентарни избори во 2023 година.

Вујовиќ за агенцијата Бета изјави дека претседателот Вучиќ е во многу тешка ситуација и дека неговата политичка моќ почнала да се „нагризува“.

Според него, најавата за распишување вонредни избори наесен претставува „прст во око“ за меѓународната заедница предводена од ЕУ и САД.

„Претставниците на Европската Унија и САД, кои се ангажирани за решавање на косовското прашање, таканаречената „големата петорка“, нема да дозволат Александар Вучиќ да распише предвремени избори бидејќи, според нив, потребно е многу време за спроведување на договорот за Косово. Вучиќ е во многу тешка ситуација и неговата политичка моќ почна да се нагризува. Сега социјалистите сфатија дека политиката на Вучиќ може да ги одвлече надолу“, посочи Вујовиќ.

Поранешниот амбасадор смета дека додека Ивица Дачиќ добивал инструкции од американската администрација на Молитвениот појадок во Вашингтон, неговиот сопартиец Бранко Ружиќ го местел Вучиќ на домашен терен.

„За време на собраниската седница, на која тема беше Косово и Метохија, социјалистите ги немаше никаде во клупите, беа потонати. Социјалистите чувствуваат дека Вучиќ и СНС многу брзо ќе ја загубат власта, а не сакаар да станат опозиција бидејќи воопшто не би можеле да се снајдат во таа позиција“, изјави поранешниот шеф на мисијата на СРЈ во САД.

Вујовиќ додаде дека американскиот потсекретар Дерек Шоле точно ги дефинираше чекорите што Вучиќ мора да ги исполни.

Зачлени се на нашиот е-билтен