Нотата на Иран до Бугарија дефинитивно е нормална дипломатска практика во период на криза. Тоа не е закана, туку предупредување. Имаме дијалог и неповредливи односи со Техеран, постојано ги уверуваме за вистинските факти – не учествуваме во војната, ниту еден борбен авион не лета над нашиот воздушен простор и нема полнење гориво на нашата територија.
Ова го изјави вршителката на должноста министерка за надворешни работи Надежда Нејнски за бугарската Нова ТВ.
Според неа, американските авиони на софискиот аеродром во Бугарија, се дел од договор со САД за активности за обука во рамките на НАТО.
„Го поканивме иранскиот амбасадор на состанок во Министерството за надворешни работи и се надеваме дека ќе се сретне со директорот на Директоратот за Блискиот Исток, на кој уште еднаш јасно ќе ги разјасниме обврските што ги презедовме преку предметната нота. Нема ништо скриено. Нема промена на околностите. Иранската дипломатска нота не укажува на нови одлуки што ги презела Бугарија, нејзиниот текст е стандарден за овој вид комуникација“, рече Надежда Нејнски.
Таа нагласи дека американскуте авиони не се поврзани со борбени операции.
„Нашата обврска се однесува само на бугарска територија, авионите што заминуваат од тука можат да се вратат во САД и во американските бази. Во Бугарија, тие не се поврзани со борбени операции. За нас е многу важно да имаме недопрени дипломатски односи со Иран и да водиме постојан дијалог со нив“, додаде министерка за надворешни работи Надежда Нејнски за бугарската Нова ТВ.