Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За три дена грчката полиција спречила влез на над 2.700 нелегални мигранти кај Еврос

Околу 900 мигранти дневно се обиделе да влезат нелегално во Грција преку копнената граница со Турција кај Еврос, со оглед на тоа дека во периодот од 14 август во шест часот наутро до 17 август во исто време, грчката полиција спречила влез на вкупно 2.720 нелегални имигранти, јави дописничката на МИА од Атина. 

Од грчката полиција соопштија дека во истиот период биле уапсени 85 нелегални имигранти, како и 29 криумчари на целата територија, од кои 12 биле уапсени кај Еврос.

Додадоа дека грчката полиција во соработка со останатите државни органи „интензивно и систематски работи на ефикасно чување на границите и разбивање на криминалните мрежи на криумчарите“.с

Зачлени се на нашиот е-билтен