Законот за признавање пензии меѓу Албанија и Италија стапи на сила

Спогодбата за признавање на пензиите помеѓу Албанија и Италија, од која бенефит ќе имаат приближно 500.000 албански и над 4.000 италијански државјани, денес официјално започна да се применува.

Спогодбата пропишува сумирање на периодите на придонеси, со што се овозможува да не се изгуби ниту една година работен стаж.

Овој аранжман им пружа можност на албанските иселеници кои се пензионери да имаат здравствена грижа и во Италија и во Албанија.

“За да се добие пензија во Италија, потребни се минимум 20 години работен стаж, додека во Албанија минимум 15 години. Со овој договор ќе се пресметува вкупниот стаж.”

Во текот на првата година од примената, се очекува 1.387 албански граѓани да бидат корисници, а ова ќе го оптовари италијанскиот државен буџет со 12 милиони евра.

Албанија е позната како држава со забележително висока емиграција во голем број земји низ светот. Според службените статистики, вкупниот број на албански иселеници надминува 1,6 милиони.

Најголемиот дел од нив престојуваат во Италија, потоа следуваат Грција и САД. Досега, Албанија има склучено 12 спогодби за реципрочно признавање на пензиите, а најзначајни се оние со државите од Европската Унија.

Сепак, иако бројот на албанските иселеници е значителен, со Грција сè уште не е постигнат договор за пензиите.

Зачлени се на нашиот е-билтен