Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Замрзнатиот водопад во Лерин е туристичка атракција

Поради екстремно ниските температури што достигнаа и до минус 12 степени Целзиусови, замрзна водопадот во селото Полипотамос кај Лерин, а грчката државна телевизија ЕРТ објави фотографии, коментирајќи дека „поларните температури создадоа скулптури од мраз со уникатна убавина“, јави дописничката на МИА од Атина.

Температурите под нула не се невообичаени за конкретниот дел од Грција, а водопадот се наоѓа на надморска височина од 950 метри.

Новинарката од ЕРТ од Лерин истакна дека смрзнатиот водопад е и туристичка атракција за многумина, кои доаѓаат на местото да уживаат во прекрасниот природен пејзаж и да се фотографираат.

Дел од водата од водопадот продолжува да тече над скулптурите формирани од мразот.

Зачлени се на нашиот е-билтен