Зеленски: Промените во Србија отвораат ново поглавје

Фото: X/@ZelenskyyUa

Украинскиот претседател Володимир Зеленски порача дека победата на студентската листа претставува пресвртница и ново поглавје во историјата на Србија, најавувајќи подготвеност за натамошно проширување на меѓусебната соработка.

Зеленски оцени дека студентското движење донесе суштински промени на политичката сцена.

„Се случија промени во Србија – победа на Студентската листа. Ова јасно означува ново поглавје во историјата на земјата и нејзиниот народ“, истакна Зеленски во својата изјава.

Тој испрати желби за напредок и поблиска европска интеграција на Белград во претстојниот период.

„Ѝ посакуваме на Србија успех, реален развој и топли односи со европската заедница“, порача украинскиот претседател.

Зеленски изрази благодарност до српската јавност за поддршката на суверенитетот на Украина, посочувајќи на заедничките вредности и идните перспективи меѓу двата народи.

„Ние во Украина ѝ благодариме на Србија за почитувањето на нашиот народ, нашата држава и нашата независност. Секогаш ги славиме нашите заеднички достигнувања – сето она што ги зајакнува нашите општества и им дава повеќе можности на луѓето. Подготвени сме да продолжиме со проширување на нашата соработка и нека се остварат сите добри надежи на народот на Србија“, нагласи Зеленски.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?