Анализата на „Ривиера Травел“ врз основа на податоците од Евростат откри кои европски земји во 2023 година привлекле најмалку туристи. Изненадувачки, Македонија не е меѓу првите десет, но нашите соседи Србија и Бугарија се на оваа листа.
На врвот е Луксембург, со само 3,4 милиони ноќевања за една година, далеку зад туристичките гиганти како Шпанија, која брои 484,9 милиони ноќевања.
Топ 10 најмалку посетени земји во Европа:
-Луксембург
-Латвија
-Естонија
-Малта
– Србија
-Словачка
-Словенија
-Бугарија
-Романија
– Унгарија