Земјотрес на 120 километри северно од Скопје

земјотрес
James St. John, CC BY 2.0 , via Wikimedia Commons

Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска соопшто дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово во 07 часот и 20 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Урошевац, на 124 км северно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Од Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје повикаа граѓаните да го пополнат прашалникот доколку бил почувствуван земјотресот за потребите на сеизмолошките истражувања на селедниот линкот:
https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici

Зачлени се на нашиот е-билтен