Земјотрес на југот на Србија

Земјотрес со интензитет од 2,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во Врање, се вели во соопштението на српскиот Републички сеизмолошки завод што го пренесе Танјуг.

Земјотресот се случил во 06:00 часот, на 15 километри северозападно од Врање.

Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на III степен од Меркалиевата скала. Земјотреси со овој интензитет не можат да предизвикаат штета на зградите во епицентралната област, се додава во соопштението на веб-страницата на Институтот.

Зачлени се на нашиот е-билтен