Немаме нерешени проблеми со Република Северна Македонија, изјави премиерот во заминување Росен Жељазков пред бугарските новинари во Брисел, каде што учествуваше на годишниот состанок ЕУ-Западен Балкан.
„Нашиот став отсекогаш бил принципиелен – немаме нерешени проблеми со Северна Македонија, не сме во никакви спорови со за прашања поврзани со таканаречениот компромис од јули 2022 година, ова е веќе паневропска позиција, објасни тој. Нашата позиција како земја-членка е дека секоја земја-кандидат за членство во ЕУ, врз основа на сопствените заслуги, треба да биде оценета според нејзиниот напредок, а не од страна на поединечна земја-членка“, додаде Жељазков.
Веруваме дека проценката на напредокот за отворањето на Кластер 1, кој е поврзан со преговарачката рамка, покажува одредено двоумење од страна на нашите колеги во Скопјe, но ова не е прашање за кое ние даваме наше мислење и став, дополни Жељазков.