Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот. Ова е новата ситуација откао Шпанецот го совлада Јаник Синер од Италија со 3:1 на УС Опен. Со овој триумф тој „го симна“ Синер од првата позиција на АТП листата.
Во мечот Алкараз од самиот почеток наметна контрола на играта и без поголеми проблеми дојде до предност од 1:0 во сетови. Сепак, Синер успеа да изедначи, но Шпанецот третиот сет го освои на доминантен начин со само еден загубен гем што беше и најава на победата.
Ова за Алкараз беше втора Грен слем титула во 2025 година откако претходно триумфираше на Ролан Гарос, додека и Синер има две Грен слем титули од Австралија опен и Вимблдон.