Македонската кадетска кошаркарска репрезентација го запиша четвртиот пораз на Европското првенство Б дивизија во Скопје, откако вечерва загуби од врсниците од Босна и Херцеговина со 61:56.
По четвртини, резултатот гласеше: 13:11; 13:17; 22:12 и 16:13.
Нашите кадети имаа водство од 51:50 на три минути пред крајот, но противникот направи серија од 10-0 и ја обезбеди победата.
Во последното коло од групната фаза, македонскиот тим утре ќе се сретне со Словачка.