Шпанската тенисерка Паула Бадоса (27) го откажа учеството на последниот Грен слем турнир во годината, УС Опен, поради повреда. Организаторите објавија дека Бадоса има болки во долниот дел на ’рбетниот столб, поради што нема да може да настапи.
Бадоса, која годинава играше полуфинале на Австралија Опен, последен пат настапи во првото коло на Вимблдон, каде беше елиминирана. Слични проблеми ја принудија да го пропушти и УС Опен пред две години.
Турнирот УС Опен ќе се одржи од 25 август до 7 септември на терените во Флешинг Медоус, Њујорк.