Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, не можеше да ги задржи солзите по победата од 4:2 над Борнмут во првото коло од англиското фудбалско првенство.
Триесет и тригодишниот Египќанец беше видливо потресен кога навивачите го скандираа името на починатиот напаѓач Диого Жота.
Жота, на 28 години, и неговиот 25-годишен брат загинаа на 3 јули во сообраќајна несреќа во Шпанија, што остави голема тага во фудбалската заедница.