По ден одмор, денеска на Евробаскетот започнуваат натпреварите од осминафиналната фаза. Во овој дел од турнирот секоја грешка е кобна – поразот значи крај на шампионатот.
Програмата стартува напладне со дуелот меѓу Турција и Шведска, а потоа следи пресметката Германија – Португалија (14:15 часот по македонско време). Вистински дерби ќе се игра во Рига, каде домаќинот Летонија ќе ја предизвика Литванија (17:30 ч.), додека денот ќе го затворат Србија и Финска (20:45 ч.).
Утрешниот ден носи нови четири дуели: Полска – Босна и Херцеговина, Франција – Грузија, Италија – Словенија и Грција – Израел.