Европска вечер во Аеродром: МЗТ го пречекува Ираклис во „Јане Сандански“

МЗТ Скопје
Фото: МЗТ Скопје Аеродром

МЗТ Скопје Аеродром вечерва ги почнува настапите во ФИБА Европа купот со домашен натпревар против грчкиот Ираклис. Дуелот во спортскиот центар „Јане Сандански“ започнува во 19 часот и го означува враќањето на македонскиот шампион во европските клупски натпреварувања по повеќе од 25 години.

За навивачите на МЗТ, средбата е можност повторно да следат европска кошарка на домашен терен и да му дадат поддршка на тимот на почетокот од новиот предизвик. Пред натпреварот е најавена и забавна програма пред салата.

„Сино-белите“ во Е-групата ќе се натпреваруваат со Ираклис од Грција, АЕК Ларнака од Кипар, Џики од Полска, Тарту од Естонија и Вурцбург од Германија.

МЗТ во европскиот дуел влегува по победата над Куманово на отворањето на домашното првенство. Ираклис, пак, ја почна сезоната во грчкиот шампионат со пораз.

Домашниот терен и поддршката од трибините ќе бидат важни за скопскиот тим, кој против Ираклис ќе ја бара првата победа во групата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?